Фото: Зоран Антоски

Според информацијата на портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димовски, рано утринава околу 3.30 часот во средиштето на Кичево на улица „Санде Штерјоски“, се случил пожар во паркиран патнички автомобил „aуди“ со кичевски регистерски ознаки, во сопственост на Љ.С.(34) од Кичево. При овој пожар нема повредени, а изгаснат е од страна на припадниците на ТППЕ Кичево. З.А.


Кривична за кичевец поради непочитување на здравствените прописи

ОВР-Кичево поднесе кривична пријава против К.А.(76) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

При извршена контрола на 23 ноември, полициските службеници констатирале дека лицето К.А. не се придржува на мерките и препораките за заштита од ковид-19 како и до решението на Државниот здравствен инспекторат, со што постапил спротивно од мерката за лекување во домашни услови во траење од 10 дена, информираа од СВР-Охрид. З.А.