ВМРО-Народна партија сака да изрази поддршка за храброста со која зборувал Зоран Заев за македонската историја во врска со вчерашнто интервју на премиерот за бугарската информативна агенција БГНЕС. Партијата на Љубчо Георгиевски смета дека, за жал, она што македонската историографија требала да го отвори во изминатите три децении на демократија, сега еден политичар во функција на премиер радикално да ни го соопштил.
– Сите работи што ги зборуваше г-динот Заев согласно со објективната историја и согласно со најголем дел од книгите извадени од македонскиот архив се точни, а тоа што многу од македонските граѓани се шокирани само зборува колку македонското општество било индоктринирано. Посебно ме збунува фактот за острите тонови од страна на ВМРО-ДПМНЕ, партија која ја внесе идејата за пријателство со Бугарија и објективизирање на македонската историја во раните 90-ти години и ги направи најголемите чекори за приближување со истата држава – наведува партијата на Георгиевски.