Софија – Седумдесет отсто од учениците во најсиромашната членка на Еропската Унија, Бугарија, не користат тоалет во своето училиште, покажува студијата како дел од кампањата на тема „Национална мрежа за деца“. Во истражувањето учествуваа 800 деца од целата земја, а главната причина за избегнување на овие простории е лошата состојба во тоалетите. („Независен“)
Љубљана – Во 85 отсто од домовите за стари лица во Словенија се пронајдени случаи на присуство на коронавирус, изјави владиниот портпарол Јелко Кацин, наведувајќи дека домовите за стари лица повторно се жаришта на инфекција.
Во Словенија има 1.962 активни случаи на коронавирус меѓу вкупно 19.000 корисници на домови за стари лица. Министерот за здравство Томаж Гантар најави тестирање за сите вработени во домовите за стари лица. (СТА)