Франција во вторникот го надмина прагот од два милиона потврдени случаи на Ковид-19 од почетокот на епидемијата, изјави шефот на Француската агенција за јавно здравје, Јером Саломон.
– Вториот бран е силен, смртоносен, вечерва го преминуваме прагот од два милиона случаи на ковид-19, односно досега се потврдени 2.036.755 случаи – рече Саломон на прес-конференција.
Тој додаде дека во понеделникот во Франција биле хоспитализирани 33.500 ковид-пациенти, но нагласил и дека заедничките напори почнале да даваат резултати и епидемијата се забавува.
За време на шпицот на епидемијата во пролетта, бројот на хоспитализирани ковид-пациенти во средината на април достигна врв со 32.292 пациенти, од кои 6.500 на респиратор.
– Притисокот врз болниците и натаму е силен – порача Саломон, истакнувајќи дека 4.854 пациенти се на апарати за дишење.
Во болниците за 24 часа починале 437 пациенти, а од почетокот на епидемијата починале најмалку 46.273 лица, додаде тој.