Воено-морската операција на ЕУ во Средоземното Море насочена кон запирање на илегалната миграција, е суспендирана откако Италија одби да ги прифати мигрантите спасени на море, јави ДПА, повикувајќи се на воени извори.
Операцијата „Софија“ почна во 2015 година за борба против трговците со луѓе во Либија, но потоа нејзиниот фокус беше пренасочен кон спасување на луѓето во море. Досега, 49.000 мигранти биле спасени на овој начин, од кои повеќето беа одведени во Италија.
Меѓутоа, новата влада во Рим не сака да прифати мигранти спасени во Медитеранот и не дава дозвола неколку бродови за спасување да се закотват во италијанските пристаништа.
Командантот на операцијата контраадмирал Енрико Кредендино наредил во четвртокот сите бродови од мисијата да останат по пристаништата до понеделник, соопшти весникот „Шпигел”. Воени извори потоа ги потврдија информациите.