„Играчки и роботи во книгите на уметниците – пергамент концертина“ е насловот на изложбата на Лепосава Милошевиќ-Сибиновиќ, академска скулпторка и сликарка од Србија, која е отворена во Галеријата на НЛБ Тутунска банка. Во неа учествуваат уметници од Србија, Македонија, Франција, Мексико, Шпанија, Унгарија, Бугарија, Ерменија, Куба, Хрватска, Канада, Русија.
– Во директен контакт со играчките се стекнуваат искуство и вештина, се развива имагинацијата, се негува желбата за надминување на пречките, се поттикнува натпреварувачкиот дух, но и креативниот потенцијал. Сето ова е од суштинско значење за разбирање на емоционалната и психолошката состојба на детето, за подоцна да стане потпора во животот – наведува авторката Милошевиќ-Сибиновиќ.