Пандемијата на ковид-19 ќе исчезне меѓу април и мај следната година, тврди италијанскиот научник, професор на Универзитетот во Неапол, Франческо Санино. Тој предводи група научници и истражувачи кои претходно, користејќи математички метод, предвидоа дека нов бран пандемии ќе има меѓу октомври и ноември.
– Нашите проценки се покажаа многу веродостојни, очекувавме владата да ги земе предвид резултатите до кои дојдовме и да преземе соодветни мерки на време, но за жал тоа не беше случај – рече професорот Сонино за „Ил Фато Котидијано“.
Според новите проценки објавени во научното списание „Сајантифик рипорт“, во Италија може да има околу осум милиони луѓе заразени со ковид-19.Професорот Сонино тврди дека сега сме само на почетокот на вториот бран на пандемијата на коронавирусое и дека ефективноста на мерките што се преземаат сега ќе се покаже за неколку недели.