Град Скопје соопшти дека oд утре (петок, 20.07.2018 година) до недела (22.07.2018 година), ќе биде затворен за сообраќај кракот од улицата „23 Октомври“ (поранешна „Владимир Комаров“) до крстосницата со улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“, потегот кој минува до транспортниот мост.
Сообраќајната делница ќе биде затворена поради голем градежен зафат за изведба на нова фекална канализација и реконструкција на водоводната мрежа.
Град Скопје апелира да се почитува поставената сигнализација и воспоставениот режим на сообраќај.