Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени 2.243 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот на епидемијата. Во тој период биле тестирани 7.659 примероци, a 42 лица починале.
Најголем број на новоинфицирани има во Софија, 913, пренесува Тасс. Меѓу заразените има и 1.948 лекари.
Од почетокот на епидемијата во Бургаска, заразени се вкупно 40.132 лица, од кои 1.136 починале.