Меган Маркл откри дека нема профили на социјалните мрежи и дека не е запознаена со тоа што се пишува за неа, пренесува „Скај њуз“.
Меган Маркл на самитот „Најмоќни жени на следната генерација“, кој го организира магазинот „Форчн“, изјавила дека веќе подолго време не е на социјални мрежи и тоа го направила поради сопствено добро. Додавајќи дека тоа е нејзин личен избор, како и дека тоа и е од голема помош за неа на повеќе начини.
Маркл кажа дека таа го затворила својот личен профил во 2018 година пред да се омажи за принцот Хари, а нивните службени профили на Инстаграм и Твитер се исклучени од други лица. Таа беше актерка со големо присуство на социјалните мрежи пред да го запознае Хари.
Маркл веќе со месеци води кампањата против негативните ефекти на социјалните мрежи. Таа и нејзиниот сопруг, принцот Хари, ја напуштија Велика Британија, најмногу поради непријателски настроените медиуми.