Општина Кисела Вода од 15 септември, од почетокот на активностите за собирање стар мебел и електронски уреди, досега од 326 домаќинства собра над 60 тони кабаст отпад.
Бесплатната услуга за собирање и транспорт на отпадот, од домовите на граѓаните со општинските возила ја вршеа 30 работници, ангажирани од Општината. Активностите за собирање на отпад од домаќинствата ќе завршат денеска и според планот ќе продолжат да се одвиваат следната година.
Благодарност до граѓаните за почитувањето на повикот, отпадот да го одложуваат на површини на кои не би ја загрозиле безбедноста на пешаците, велосипедистите и возачите.
Со цел да имаме чисти јавни површини, паркови, детски и спортски игралишта, Општина Кисела Вода повторно замолува за правилно одложување на отпадот, а со тоа и за почитување на Законот за јавна чистота. Општината верува дека заеднички со граѓаните ќе продолжи да создава почиста животна средина.