Откако на почетокот на пандемијата Битола го доби највозрасниот позитивен на
ковид-19, кој беше на возраст од 84 година, а подоцна и највозрасниот заразен кој ја
победи пандемијата во својата 86-та година, Битола овојпат го доби и најмладиот позитивен пациент.

Станува збор за двомесечно бебе, кое според податоците од Министерството за здравство, се заразило од неговата баба, која била позитива на коронавирусот. Исто така, и мајката на бебето е позитивна на ковид-19. 

Од Центарот за јавно здравје Битола велат дека бебето е со лесна клиничка слика и
е под надзор на матичниот педијатар.

Инаку, вчерашниот беше црн ден за Битола. Тестирањата покажаа дека позитивни
се 12 лица, а две лица, на возраст од 60 и 79 години, ја изгубија битката со вирусот и починаа.

М.М.