Во центарот на Загреб утрово одекнале истрели. Во близина на зградата на Владата бил убиен полицаец, а напаѓачот подоцна бил пронајден мртов. Поради инцидентот, дел од градот е затворен, пренесуваат хрватските медиуми.
– Слушнав истрели, ова го немало ни за време на војната – изјавил еден граѓанин за Н1.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, повредениот полицаец бил пренесен со возило на итната помош во болница, а по напаѓачот започнала потрага. Во меѓувреме, во медиумите стигнало соопштение од Министерството за внатрешни работи дека било пронајдено телото на напаѓачот и дека тој се самоубил.
Повеќе медиуми пренесуваат дека полицаецот бил застрелан од калашников.
Потпретседателот на Владата и министер за одбрана, Томо Медвед, изјавил дека не може да даде повеќе детали за овој настан.
– На граѓаните можеме да им кажеме дека Хрватска е безбедна земја – рекол тој.
На местото на настанот пристигнал и премиерот Андреј Пленковиќ.
Според првичните информации, состојбата на 31-годишниот полицаец е стабилна. Лекарите соопштиле дека тој има четири прострелни рани од кои две во рака и две во телото.