Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, се огласи на неговата страница на Фејсбук, по повод одбележувањето на Денот на народното востание – 11 Октомври.
– Слава и чест на партизаните кои се бореа за ослободување од фашистичкиот окупатор и за создавање македонска држава. Нивната борба, на тие илјадници загинати и преживеани во војната храбри борци беше херојска и таа не треба да биде засенета од подоцнежното недемократско и свирепо владеење на комунистичкиот режим кое безмилосно се пресметуваше со неистомислениците и со патриотите. Партизаните се бореа за слободна Македонија и за реализација на идеалите на Делчев, Груев, Питу, Јане, Карев и останите чии имиња на чети ги носеа и чија жртва беше нивната водилка. Тие генерации, како и генерациите кои половина век претходно се бореа и се жртвуваа, заслужија држава. Направија историја, го зацврстија идентитетот и го издигнаа името до степен секој слободно и со гордост да кажува Македонија и Македонци и така сите да нѐ нарекуваат. Не се помирија, го поразија и избркаа окупаторот. Се изборија за слободата и за државноста.
Нека е честит празникот 11 Октомври – денот на востанието на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор.
Да се избориме вечно да го славиме таков каков што бил, а не како што некој сака да ни наметне невистини за наводна граѓанска војна наместо востание на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор.
Денес има повеќе политички затвореници и политички прогонети лица во Македонија од страна “македонската власт” одколку…
Posted by Nikola Gruevski on Недела, 11 октомври 2020