Во изминатие 24 часа во Кичево забележан уште еден починат од ковид-19 и двајца новозаболени. Бројот на инфицирани со ковид-19 во Општина Кичево е благ и бројките на новозаболени незнатно се во пораст. Од Кризниот штаб и понатаму апелираат да се почитуваат протоколите, за да не дојде до забрзан пораст на инфицираните. Денес нема регистрирано излекувани од коронавирус .
– Во нашата општина бележиме благ пораст на новозаболени со ковид 19, така денес имаме двајца инфицирани и за жал уште едно лице ја загуби битката со коронавирусот , а се работи за 67-годишен пациент, кој почина во болнички услови.Во Кичево од почетокот на пандемијата регистрирани се вкупно 334 инфицирани со ковид-19, додека бројот на активни случаи е незначителен и изнесува 35. И покрај задоволителните бројки, уште еднаш им укажуваме на граѓаните строго да се придржуваат на протоколите, за да не дојдеме во ситуација, за кратко време да ни се случи драстичен пораст на новозаболени – посочи д-р Џабир Бајрами, член на Кризниот штаб.