Фиби Сачи Јејц, во соработка со сопругот и со својот татко, отвора галерија што се протега на 10.000 квадратни метри, која ќе биде фокусирана на „непознати“ уметници
Дваесетгодишната ќерка на Чарлс Сaчи, некогашниот маг на рекламната индустрија и колекционер, продолжува со семејниот бизнис и на 15 октомври ќе отвори огромна галерија, на 10.000 квадратни метри, во срцето на Мeјфер. Со помош на својот татко, без притисоци поради брегзит и пандемијата на коронавирусот, Фиби Сачи Јејц и нејзиниот сопруг Артур Јејц се подготвуваат за започнување на овој проект веќе три години.
За разлика од многумина, планираат да се фокусираат на „непознати“ и невидени таленти, подобро отколку на „извикани“ современи мајстори, иако новата галерија ќе продава дела на секундарен пазар од приватни галерии. Раните поставки ќе подразбираат дела на Роберт Матрвел, Анселм Кејфер и на Јајои Кусама. Галеријата ќе застапува многу одбрани уметници, според зборовите на Јејц, и ќе ја претстави првата изложба посветена на швајцарско-британскиот уметник Паскал Сендер, кој за оваа изложба подготвил 19 слики со цена од 50.000 фунти па нагоре. Сендер, кој е некогашен ученик на Питер Доинго, при академијата во Диселдорф, креирал и апликација за изложба за да можат делата да се погледнат и виртуелно.
– Сакавме да ја зачуваме приказната на Сачи за презентирање и продажба на делата на младите уметници, но разликата е во тоа што со нив сакаме да останеме подолг период и да помогнеме во негување на нивните кариери – објаснила Сачи Јејц.
Просторот посветен на новите таленти ќе зазема 60 проценти од галеријата.
– Идејата да им овозможиме комплетни презентации е навистина важна, младите уметници инаку не добиваат можност да изложуваат на овој начин – додала таа.
Сопружниците со години работеле со стариот Сачи на неговата колекција, а и новиот потфат секако е во соработка со него.
– Улогата на мојот татко беше да нѐ води низ комплетниот процес, како што ме водеше низ целиот живот. Ни помогна во создавањето на програмата и нѐ подучи на сите елементи на светот на уметноста од претходно, така што можеме да ги кршиме сите правила – рекла Сачи Јејц.
Галеријата на Чарлс Сачи, која ги изложува и промовира делата од неговата лична колекција, по минатогодишното пропаѓање и падот на бројот на посетители, стана непрофитна организација. Некогашниот основачки маг неодамна изјави дека ја вратил контролата над работењето на галеријата, иако Јохан Елиеш, шведскиот милијардер, е именуван за водечки повереник што ќе управува со менаџментот. Што се однесува до отворањето галерија за време на пандемијата, Сачи Јејц не гледа тука никаква пречка.
– Не можете да го ставите целиот свој живот на чекање. Она што ние се обидуваме да го направиме со галеријата е почеток на нешто за што се надеваме дека е нов начин на гледање на светот. Исклучително убаво е да се работи нешто навистина позитивно во најчудната година што ја доживеавме – рекла таа.