Градоначалникот на една општина во западна Франција со уредба им наредил на жителите дека треба „да бидат весели“ една недела во октомври, за време на локалниот фестивал, кога е забрането читање книги и раскази со несреќен крај, како и слушање тажна музика.
Фреди Рифо, непартиски началник на Општина Есар-ан-Бокаж, која има 9.000 жители, ја објавил „официјалната градска одлука“ со која од 5 до 11 октомври ќе се одржи првиот музички фестивал „Радосен град“, пренесува „Франс прес“.
Ако се земе предвид брзината со која негативните емоции се шират и какво разурнувачко дејство имаат, а тоа, пак, ја зголемува опасноста од зголемување на интензитетот на лошото расположение, со доаѓањето на есента и намалениот број сончеви денови, Фреди Рифо ги повикал жителите на општината на својата територија да не примаат никого што би можел да го намали изразувањето на радосните чувства. Така, во Есар-ан-Бокаж од 13 до 20 септември „се забранува емитување депримирачка музика и тажни филмови“.
Градоначалникот ги повикал граѓаните да „произведуваат ендорфин, хормон на среќата, така што ќе се смеат најмалку трипати на ден“.
Фреди Рифо, кој половина од својот работен ден го минува во информатичкиот центар, објаснил дека живее во земја со премногу мрачно расположение, па неговата уредба придонесува за настојувањето да се разбуди духот на радоста, па макар и со комерцијална цел.