Србија
Српскиот кризен штаб за борба против коронавирусот донесе одлука сите граѓани на Србија што престојуваат во Црна Гора, Хрватска и во Босна и Херцеговина да се вратат до петок, до 18 часот.
– Апелираме до сите граѓани да се вратат во својата земја до крајот на оваа недела, бидејќи потоа ќе имаме поинаков режим за секој што ќе влезе во нашата земја – рече д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.
Во сите земји во регионот се забележува зголемување на бројот на новозаразени. Црна Гора е на третото место, а и Хрватска и Босна и Херцеговина се на таа листа.
Од петок, во 18 часот, Србија ќе воведе надзор за сите патници што влегуваат во земјата од ризичните држави, а надзорот ќе трае десет дена.