фото: Зоран Антоски

По повеќедневно зголемување на бројот на оздравени денес во Кичево се регистрирани 5 новозаболени и ниту еден оздравен, со што има 47 активни случаи.

Со денешните 5 новозаболени, вкупниот број на инфицирани лица од појавата на ковид-19 се искачи на 286. И новозаболените лица се со полесна клиничка слика и повеќето се на домашно лекување.

Од Кризниот штаб континуирано апелираат да се почитуваат мерките, да се носат заштитни маски и да нема групирање во поголем број.

– Денес имаме петмина новозаболени, а во исто време немаме оздравени, добро е што новозаболените лица се со полесна клиничка слика и на домашно лекување. Не треба да потсетуваме колку е важно да се почитуваат мерките, од носење на заштитна маска, држење прописно растојани, до редовно одржување хигиена на рацете.Несмеат да не залажуваат бројките, бидејќи не очекуваат уште потешки денови и поголемо присуство во затворен простор – вели д-р Џабир Бајрами, член на Кризниот штаб.
З.А.