Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, изјави дека договорот кој беше потпишан со Србија во Белата куќа, би требало да доведе до меѓусебно признавање.
– И Србија и Косово се обврзаа на економска нормализација. Со фокусирање на создавање нови работни места и економски раст, двете земји успеаја да постигнат голем напредок – рекол Хоти, пренесува „Ројтерс“.
По потпишувањето на договорот, српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјавил дека не станува збор за трилатерален договор, туку билатерален затоа што третата страна не е призната како субјект на меѓународното право.
– Нема меѓусебно признавање, Србите може да воздивнат – рекол Вучиќ, објави „Б92“.