Репрезентацијата на Македонија од 15 часот во Скопје игра со селекцијата на Ерменија во 1. коло на лигата Ц

 

ФУДБАЛ

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска од 15 часот во Скопје треба да игра со Ерменија во 1-то коло од втората сезона на Лигата на нациите, овој пат во лигата Ц.
Црвено-жолтите имаа одличен настап во првото издание на ова натпреварување на Европската фудбалска унија (УЕФА) во 2018 година, откако во групата 4 во лигата Д го освоија првото место и се пласираа еден ранг погоре за новата сезона. Тоа прво место на Македонија ѝ донесе и право за настап во полуфиналето за репрезентациите од тогашната лига Д, на патот кон пласман на Европското првенство в година. Идниот месец на програмата е мечот со Косово, во Скопје, а другата полуфинална двојка е Белорусија – Грузија. Победниците ќе играат во финалето за пласман на ЕП в година.

– Имав можност да видам каква е формата на моите фудбалери и добив слика како треба да изгледа тимот што ќе ни донесе посакувани резултати. Се обидов да го анализирам системот што го користи ерменскиот селектор. Мислам дека имаме квалитети да бидеме екипата што ќе се прашува за многу работи на мечот. Сакам да доминираме и да ја контролираме играта. Нема да настапи Иван Тричковски, се надевам дека за дуелот со Грузија ќе биде подготвен. Одиме од натпревар во натпревар за да ја оствариме целта и да се пласираме на Европското првенство – изјави селекторот Игор Ангеловски, пренесе интернет-страницата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Македонија и Ерменија досега меѓу себе играле осум пати и имаат по три победи (по две на домашен терен) и две ремија. Двете селекции се сретнаа и во првиот циклус на Лигата на нациите, кога Македонија во Скопје победи со 2-0, а Ерменија дома славеше со 4-0.

– Нѐ чека нов циклус во Лигата на нациите, кој ќе се одигра во посебни услови предизвикани од коронавирусот. Сите се сеќаваме на поразот во Ереван и тоа ни е мотивација да одиграме подобро на овој натпревар на домашен терен – рече репрезентативецот Стефан Ристовски, пренесе ФФМ.
Победниците на групите во лигите Б, Ц и Д ќе се пласираат еден ранг погоре за следната Лига на нациите. Последнопласираните во групите во лигите А и Б, пак, ќе се преселат еден ранг подолу, а тие од лигата Ц ќе играа плејаут за опстанок, за две места.

Минатиот циклус на ова натпреварување обезбедуваше четири места на Европското првенство (за победниците на плејоф-дуелите во секоја од четирите лиги, полуфиналињата треба да се одиграат во октомври, а финалињата во ноември).
Сезонава се игра во пресрет на Светското првенство (СП) во Катар во 2022 година, а второто издание на Лигата на нациите на УЕФА на две селекции ќе им донесе пласман во баражот, во кој ќе играат и десетте второпласирани од редовните квалификации за Мундијалот во 2022 година, кои треба да почнат в година.
За Европа на Светското првенство во 2022 година има 13 места (првопласираните во десетте квалификациски групи и уште три најдобри репрезентации од баражот).

ЛИГА Ц, 1. КОЛО

ГРУПА 1
Азербејџан – Луксембург 18 ч.
Кипар – Црна Гора 18 ч.

ГРУПА 2
Македонија – Ерменија 15 ч.
Естонија – Грузија 18 ч.

ГРУПА 3
Молдавија – Косово 1-1
Словенија – Грција 0-0

ГРУПА 4
Белорусија – Албанија вчера
Литванија – Казахстан вчера