Кинески државјанин вработен на Универзитетот Калифорнија во Лос Анџелес е уапсен и обвинет за уништување компјутерски хард диск за време на истрагата на ФБИ.
Гуан Леи (29) од Алхамбра во Калифорнија е уапсен откако во јули бил забележан како фрла оштетен хард диск во контејнер пред неговиот стан, се вели во соопштението.
Против него се води истрага поради можен пренос на чувствителен софтвер или технолошки податоци за кинескиот Национален универзитет за одбранбени технологии.
Гуан за прв пат се појави во суд, а изрекувањето на обвинението против него е закажано на 17 септември. Доколку биде обвинет за кривично дело „уништување на докази“, му се заканува казна затвор од 20 години.