Традиционалната крводарителна акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица, годинава се одржува во Домот на АРМ по одобрени протоколи за спречување на ширењето на коронавирусот.
Надлежните здравствени лица информираа дека во акцијата која трае до 17 часот досега учествувале околу 60 крводарители, повикувајќи ги сите кои сакаат да даруваат крв да се приклучат, без страв поради ситуацијата со ковид-19.