Зорица Љубичиќ, која работи како главна медицинска сестра на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби порача да се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот бидејќи секој човечки живот е важен. Нејзинот апел го сподели на социјалните мрежи министерот за здравство, Венко Филипче.
– Заштитната маска, веќе седми месец ми е составен дел од облеката, но и од начинот на секојдневно функционирање. Фокусот секогаш ми е на тоа да го сведувам ризикот од инфекција со ковид-19 на минимум. Им благодарам за помошта на сите колеги кои ни беа и се поддршка во овој период и воедно порачувам на сите граѓани, да не се групираме, да носиме заштитна маска, да држиме дистанца и редовно да ги миеме рацете. Затоа што секој човечки живот е важен – апелира Љубичиќ.