Банкарскиот систем останува стабилен, а укинувањето на дозволата за работење на Еуростандард банка е изолиран случај кој нема да влијае врз другите банки во системот, нагласи гувернерката на Народна банка Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за МИА.
– Укинувањето на дозволата за основање и работење на Еуростандард банка е изолиран случај, којшто нема влијание врз другите банки во системот. Показателите за банкарскиот систем, со исклучување на оваа банка бележат подобрување, покажувајќи поголема отпорност на системот во целина – изјави Ангеловска-Бежоска.
Таа посочи дека отпорноста на банкарскиот систем е потврдена и во периодот во кој економијата е под влијание на кризата предизвикана од пандемијата.