Дел од Кавадарци утрово остана без вода за пиење поради дефект на водоводната мрежа.
– Се работи за улиците „Игман”, „Словенска”, „Козара”, „29 Ноември” и други кои гравитираат во тој регион – појаснуваат од Јавното претпријатие „Комуналец”.
Оттаму нагласуваат дека интензивно се работи на терен, а водоснабдувањето таму, ќе биде нормализирано во 15 часот.