Група од 59 мигранти избегала од карантин во Шпанија, откако било утврдено дека тие биле во контакт со лица заразени од ковид-19.
Властите објавија дека на мигрантите им бил пропишан карантин од 14 дена во спортска сала кај градот Картагена, пишува „Ла Вердад“.
Полицијата досега успеала да пронајде и да врати 15 избегани мигранти.
Тие пристигнале во Шпанија со брод минатата недела преку Медитеранот во поголема група.