Дванаесет мотоциклисти се казнети во текот на изминатата ноќ поради диви трки низ улиците во градот.
Според информациите од МВР, вчера во периодот од 18 до 2 часот по полноќ е спроведена акциска контрола за откривање на возачи на мотори кои организираат диви трки на подрачјето на Скопје.
Санкционирани се 12 возачи на мотори кај кои се констатирани низа прекршоци, а привремено биле одземени три мотоцикли.