Еболата се шири во Демократска Република Конго со речиси 50 регистрирани случаи, објави Светската здравствена организација (СЗО).
Откако властите ја прогласија епидемијата на 1 јуни, потврдени се 48 случаи во Конго, а за уште тројца постои сомнеж дека се заболени. Вкупно починале 20 лица, изјави експертот на СЗО, Мајк Рајан.
– Ова е многу активно жариште и јас би рекол дека имаме голема причина за загриженост – рече Рајан пред новинарите.
Тој предупреди дека иако сега бројките се мали, во ерата на ковид-19 многу е важно да не ги запоставиме другите болести што се појавуваат.