Меѓу ретките изведувачи, кои и покрај ограничувањата поради пандемијата на коронавирусот, работеа периодов се момците од групата „Либеро бенд“. Тие снимија нова песна, насловена „Дел по дел“ за која реализираа и видеозапис.
Автор на музиката, текстот и на аражманот е членот на бендот Дејан Стојановиќ, а мастерингот е на Дарко Димитров.
Пред еден месец објавија преработки на познати хитови од Балканот и привлекоа големо внимание во јавноста, не само во Македонија, туку и во регионот. И, не застанаа тука, трагајќи по нови песни, со кои, како што велат, дел по дел ќе ја освојуваат македонската музичка сцена.
За „Дел по дел“ се надеваат дека ќе стане голем летен хит. За песната е реализиран и интересен видео запис, снимен во еден познат скопски ресторан, а освен членовите на бендот се појавуваат и пет убави девојки.
– За снимањето на спотот ги искористивме нашите ресурси, нашата опрема и креативност и одлично се снајдовме. Песната е работен во афробит и се надеваме има шанси да бдие доста слушана ова лето – велат од „Либеро бенд“.