Агенцијата за храна ветеринарство во соработка со Организацијата на потрошувачи, во рамки на Програмата за заштита на потрошувачи за 2020 година, изработи прирачници наменети за операторите кои приготвуваат храна за градинките и основните училишта. При подготовка на содржините земени се во предвид законските прописи кои се однесуваат на безбедноста на храната како и Правилникот за стандардите за исхраната и за оброците во основните училишта, донесен од Министерството за образование.
Во прирачниците се опишани постапките за добрите производни и добрите хигиенски пракси, кои треба да ги применуваат операторите за храна во овој вид објекти. Прирачниците содржат предлог неделно мени, кое ги задоволува потребите за исхрана на децата во предучилишните установи – градинките и учениците од основните училишта.
Прирачниците покрај на интернет страните на Агенција за храна и ветеринарство и Организацијата за заштита на потрошувачите, во рамки на соработка со ЗЕЛС, Министерството за образование и Министерството за труд и социјална политика, ќе бидат поставени и на интернет страниците на општините и основните училишта ширум државата.