Опозицијата ДПМНЕ на билборд има поставено порака: „Правда за сите. Без исклучоци.“ Гротескноста на таа порака народот ја нарекува „држте го крадецот или арамијата.“ Основната причина зошто чекорите кон правда и одговорност се пребавни е токму тоа што за опозицијата во последните години на нивното политичко делување, врвен приоритет е да се бега од правдата, да застаруваат случаи, нивниот напад врз СЈО, не врз поединци коишто се огрешиле од законот, туку напад врз СЈО како институција и нејзината мисија, изјави Никола Димитров, носител на листа во ИЕ1 од коалицијата „Можеме“.
Тој порача дека мора да има одговорност за тие што се огрешиле од законот.
– Затоа на 15 јули мора убедливо да ги поразиме, за чекорите кон правда да бидат многу посилни и поодлучни. Битката на чесните против нечесните, притоа не зборувам тука за партии и идеологии, насекаде, и „нашите“ и „нивните“, е најважната битка за нашата иднина и за нашите деца – кажа Димитров.