Македонскиот музички бенд „Темпера“ го објави својот петти сингл во низа од новиот материјал по дебитанскиот албум „Играј!“.
„Дојди“ е песна исполнета со динамична ритмика, вокални и гитарски хармонии, спој на ретро и модерен звук оплеменет со виртуозноста на Петар Христов, кој гостува на саксофон.
Видеоспотот за песната го изработи Александар Ристовски-Принц.
Снимена и продуцирана е во студиото „Тралала“. Во бендот членуваат: Тања Тас – вокал, Драган Гиновски Гино на гитара, Мите Димовски – тапани и Џоле Максимовски на бас-гитара.