Владата донесе Уредба со законска сила за издавање на ваучери на млади лица за стекнување со информатичко-технолошки и дигитални вештини заради подобрување на нивната конкурентност на пазарот на труд за време на вонредна состојба.

Со неа се уредуваат условите, начинот и постапката за издавање и користење на ваучери со номинална вредност до 30.000 денари, издадени од Министерството за образование и наука, на млади лица за обуки за дигитални вештини заради подобрување на нивната конкурентност на пазарот на трудот, погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот.

Средствата за спроведување на оваа уредба се обезбедени од државниот буџет преку програмата на Министерството за образование и наука П1-Мерки за справување со ковид-19 кризата, во вкупен износ од 150.000.000 денари.