Најмалку 15 луѓе загинаа меѓу кои и четири деца, а 70 се повредени во пожар во голем маркет во главниот град на Кенија, Најроби, соопштија полицијата.
– Пожарот го зафатил Гикомба Маркет и се проширил на куќи во близина – нагласи Кангете Туку, шеф на регионалната полиција во Најроби.
– Досега се евидентирани 15 жртви – изјави тој за локални медиуми. Пожарот избувнал утрото по локално време и сė уште не е изгаснат, јави ДПА.