Екипите работеа и на асфалтирање на тесните улици

Охрид

Изминативе денови интензивно се одвиваат работни активности за асфалтирање улици во неколку населени места во Охрид. Надлежните велат дека ваквите активности ќе продолжат и во наредниов период, а тие се дел од планираните зафати за оваа година.

– Завршено е асфалтирањето на улица во должина од 250 метри во селото Пештани. Претходните денови се работеше на асфалтирање тесни улици во селата Трпејца и Љубаништа. Овие активности се дел од годишнaта програма за комунален развој, сообраќај и улици на Општина Охрид. Во текот на наредниот период ќе следува асфалтирање улици во селата Коњско, Косел и Лескоец, како и во населбата Радојца Новичиќ.