Во регионот, во однос на бројот на жители, најмногу заразени со коронавирус се регистрирани во Србија, на второ место е Македонија, а на трето место е Словенија.
Во Србија има 1.555 заразени на милиони жители, 913 во Македонија и 709 заразени на милион жители во Словенија. На четвртото место е Босна и Херцеговина (БиХ) со 670 заразени на милион жители, а потоа следат Хрватска со 548, Црна Гора со 516 и Албанија со 336 заразени на милион жители.
Во однос на бројот на заразени, најголема смртност има во Словенија – 7,15 проценти, по што следат БиХ – 5,96 отсто, Македонија со 5,85 проценти и Хрватска со 4,34 отсто.
Стапката на смртност во Албанија е 3,29 проценти, Црна Гора со 2,77 проценти и Србија – 2,17 отсто.
Најмногу тестирани во однос на еден милион жители има во Словенија – 34.861 на милион жители, на второ место е Србија со 29.281, а на третото место е Црна Гора со 18.370.
На четвртото место е БиХ со 15.681 на милион жители, Хрватска со 14.273 и Македонија со 11.264 тестирани на милион жители.Вкупно 325 лица се заразени со коронавирус во Црна Гора.