Повеќе од 308.000 луѓе починале од коронавирус ширум светот, од кои најголемиот број во САД, Велика Британија и Италија. Излекувани се 1.766.039 лица, а потврдени се 4.639.157 случаи во светот.
Повеќе од 88.000 луѓе починале во САД, 33.998 во Велика Британија и 31.610 во Италија. Шпанија и Франција бележат повеќе од 27.000 смртни случаи.
САД се први во светот во однос на бројот на заболени од Ковид-19, повеќе од 1.400.500.
Шпанија е втора најпогодена земја со 274.367 заразени, а 223.885 во Италија.
Русија е трета по бројот на случаи – 262.843 заразени лица, со што ја надмина Велика Британија, во која се регистрирани 236.711 случаи на коронавирус.