Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по лидерската средба рече дека ќе чекаат да добијат известување од Комисијата за заразни болести за тоа кога би можеле да се одржат изборите. Тој најави нова лидерска средба.
– Останува идната недела да имаме уште една средба, на која ќе се добијат информациите од соодветните надлежни институции и повторно да се собереме и да одлучиме за наредниот датум. Кога ќе ги добиеме мислењата од здравствените експерти, ќе дадеме одговори – рече Ахмети.
Според лидерот на ДУИ, здравствените експерти треба да го имаат конечниот збор за одредување на датумот.
– Во една воена состојба збор имаат генералите, а генералите во овој случај се лекарите и епидемиолозите кои прават анализи и коишто даваат препораки за кои апелирам сите граѓани да ги почитуваат, без разлика на која заедница припаѓаат. Исто така, за да ја добиеме оваа глобална војна, тие мерки треба да се почитуваат – рече Ахмети.