Излегувањето на Франција од строгиот 54-дневен карантин во Париз започна со хаос поради големата навалица во јавниот превоз.
Медиумите објавија снимки од преполниот воз на метрото на линијата 13, Габриел Пери-Шатилон Монруж, откако првиот воз доцнеше 40 минути тој ден.
„Ле Монд“ објави и фотографии од толпа луѓе во Гаре ду Норд кои се обидуваат да се качат на патнички воз.
Министерот за транспорт Жан-Баптист Dебари изјави дека проблемите со линијата 13 се јавиле поради поплави предизвикани од поројни дождови во текот на викендот.
Но, и покрај првичните проблеми, утрото на железничката станица „Гар де л’ест “ и на метро-станиците на Левиот брег било мошне мирно.
Бидејќи на работодавците им било наложено колку што е можно повеќе работници да останат да работат од дома, изостанал вообичаениот утрински метеж на метро-линиите кои поминуваат по левиот брег.
На станиците има предупредувања за задолжителното носење маски во јавниот превоз, за што се грижи и полицијата.
Претседателот Емануел Макрон ја засили таа порака со својот твит: „Чувајте ги животите: останете внимателни“. Новата порака ја замени претходната, која ги повикуваше граѓаните да останат дома и на тој начин да ги зачуваат своите животи.