Флоријан Шнајдер, пионерот на електронската музика и еден од основачите на „Крафтверк“, почина на 73 годишна возраст – соопштува американскиот магазин „Билборд“. Според информациите, музичката легенда починала од рак.
Во 1970 година, Шнајдер заедно со Ралф Хутер ја основа легендарната музичка група „Крафтверк“ која ја измисли роботската естетика и успешно ја вклопија во својата музика и концертни настапи.