Истражувачите од Универзитетот „Утрехт“ во Ротердам открија дека пронашле органски моноклонски антитела кои ја блокираат инфекцијата на човечки клетки со коронавирусот САРС-КоВ-2, кој потоа предизвикува ковид-19.
Иако останува да се истражи понатаму дали овие антитела имаат сличен ефект не само врз клеточните структури туку и врз човечкото тело, откритието дефинитивно дава надеж.
Д-р Берент-Жан Бос и д-р Френк Гросвелд, автори на студијата објавена во списанието „Нејчер“, се оптимисти затоа што веруваат дека со развојот на органски антитела може засекогаш да се спречи коронавирусот и тоа пред да се измисли вакцината.
Антителото, за кое е утврдено дека спречува коронавирусот да влегува во клетките, се врзува за областа на крвотокот за кој се врзуваат и САРС-КоВ и САРС-КоВ-2. Засега е докажано дека органското антитело има моќ да ги неутрализира и двата вируса, и не е исклучено дека таа можност ќе ја има и кај идни коронавируси.
– Откритието дава силна основа за понатамошно истражување на ова антитело за да можеме да го започнеме неговиот развој како можен лек за ковид-19 – истакнува д-р Гросвелд.