Фото: Архива

На Инфективната клиника во Скопје почина пациент на 36 години од Гостивар, кој освен обезност немал други коморбидитети, но неговата клиничка слика била тешка, соопшти Министерството за здравство.

Во денешната евиденција на институтот на починати од ковид-19 ќе биде заведен и пациент од Скопје кој бил на возраст од 25 години. Починал на 23 април, а неговиот втор-постмортем позитивен резултат пристигнал утрово. Пациентот имал Даунов синдром, бил хоспитализиран на 20 април со тешка клиничка слика и наод бронхопневмонија.

Во последните 24 часа се направени рекордни 728 теста за ковид-19. Досега во земјата се направени вкупно 14.758 тестирања, соопшти Министерството за здравство.

Во последните 24 часа, потврден е 41 нов случај и тоа во Скопје 17 случаи, во Куманово и Прилеп по осум случаи, во Тетово четири случаи, по еден во Струга и Битола и двајца во Велес. Денеска се регистрирани 37 оздравени пациенти. Од нив двајца пациенти од болничко лекување и 35 кои се лекуваа во домашни услови.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1367, а последната дистрибуција по градови е следна:
Скопје – 468
Куманово – 363
Дебар – 51
Штип-34
Прилеп –139
Тетово – 73
Струга – 62
Велес – 63
Битола –19
Охрид –15
Кавадарци – 5
Гостивар –14
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-5
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 28
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино -4
Демир Хисар – 1
Македонски Брод -2
Пехчево -1
Валандово -1
Виница – 1

Направените 728  теста се преку: ИЈЗ –523, Ветеринарен ф-тет – 18, Авицена – 20, Биотек –46, Филип Втори (Жан Митрев) –97, Систина со PCR метода  – 20 и МАНУ -4 .  Досега во земјата се направени вкупно 14758 тестирања на ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се примени 4 пациенти, а хоспитализирани вкупно 60. На кислородна поддршка се 25, а на механичка вентилација се 5 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 37. Со потешка клиничка слика се 5, а на респираторна машина се 8 пациенти.

Во болницата во Битола се лекуваат 6 пациенти, 1 пациент е во тешка општа  состојба, 11 пациенти се следат домашно лекување. Во Штип се хоспитализирани 2, а на домашно лекување се следат уште 9 пациенти.