Американски научници од Националната управа за океаните и атмосферата објавија дека постојат дури 75 проценти шанси за да биде 2020-та најжешката година на Земјата во историјата на мерењето.
Ова укажува и на фактот дека првите три месеци беа потопли само во 2016 година, кога беше забележано силно влијание на океанско-атмосферскиот феномен Ел нињо, што со затоплување на Тихи Океан влијае на глобалниот просек на температурата.
Според истражувањето, Ел нињо не е толку силен оваа година, а февруари и март беа најтопли во историјата, пренесе „Ју-ес-еј тудеј“.
Научниците предупредуваат дека долгорочниот тренд на затоплување се должи на емисиите на стакленички гасови од согорувањето фосилни горива и дека, дури и да не е најтопла, 2020-та речиси сигурно ќе биде меѓу петте најтопли години во историјата.