Во Прилеп од денеска се делат маски за граѓаните со цел да се обезбедат пред утрешното стапување во сила на одредбата за задолжително носење на маски при излегувањето од дома. Маските, како што вели градоначалникот Илија Јованоски се еднодневни и се делат пред банките, маркетите…
Јованоски посочува дека општината се грижи за здравјето на граѓаните, а мерките се преземале по одлуките на општинскиот кризен штаб, кој денес одржал онлајн-седница,
Инаку, денеска нема новозаразени во Прилеп. Досега со ковид-19 заразени се вкупно 117 лица се заразени, од кои четворица пациенти починаа. Во инфективното одделение на лекување се 24 пациенти. Кај 19 пациенти е потврден коронавирусот, три се на кислородна поддршка, а пет лица чекаат резултати.
Осум медицински лица се лекуваат од коронавирусот, додека заврши изолацијата за дел од персоналот на интерно одделение и на итна медицинска помош. Материјали за испитување се земени од 460 лица, а 500 се во самоизолација. Седум пациенти се излекувани со потврдени два негативни теста, а шест пациенти чекаат втор тест.
Според градоначалникот Илија Јованоски подготвен е оперативен план за дејствување на полицијата од утре.
– Контролите на полицијата од утре ќе бидат засилени, а нашите препораки се граѓаните да го редуцираат своето излегување од дома – истакна во своето онлајн обраќање денес градоначалникот Илија Јованоски. Ка.М.