Според информациите од општината во изминатите 24 часа во Прилеп регистрирани се 3 нови случаи на заразени од коронавирусот.

Вкупно 103 до денес се заразени од кои три лица се починати.
Во самозолација се 422 лица.
Изминатата ноќ во Прилеп не се евидентирани прекршувања на полицискиот час.
Инаку, прилепчани денеска ја продолжија традицијата за посета на верските храмови, запазувајќи ги мерките за заштита и почитувајќи ги прописите.
Земјоделците кои ќе имаат обврски своето движење ќе можат да го најават во општинскиот кризен штаб еден ден порано, а на прилепчани на услуга со домашна достава ќе им бидат на располагање девет маркети и една аптека.
Ќе фунционира и волонтерската служба за достава на лекови.
Ка.М.