Во Прилеп регистрирани се 4 нови случаи на лица заболени од ковид-19, со што вкупниот број на инфицирани лица во општината изнесува 89 заразени.
Како што инфромираат од општината во Инфективното одделение во прилепската општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се вкупно 14 лица позитивни на коронавирус. Тројца од нив во текот на денешниот ден ќе бидат испратени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, останатите 11 пациенти се со средна клиничка слика. Двајца пациенти се сомнителни на коронавирус, земен им е брис и се чекаат резултати;
Во самоизолација се наоѓаат 373 лица, кои во изминатите 24 часа сите ја почитувале оваа мерка. Издадени се две нови решенија за изолација, како и осум за самоизолација.
Во текот на изминатото деноноќие, едно лице не го почитувало полицискиот час, заради што ќе му биде поднесена соодветна пријава. Поднесени се и пет кривични пријави против осум сторители за непочитување на полицискиот час.
Ка.М.