Бројот на заразени со коронавирусот во 202 земји и територии ширум светот вчера надмина половина милион, при што САД ја надминаа Кина на првото место по бројот на најмногу регистрирани случаи.
Од вкупно 531.000 случаи на инфекција, повеќе од 60.000 се потврдени во последните 24 часа, а повеќето од 2,5 илјади нови смртни случаи во 59 земји ја зголемија вкупната бројка на смртни случаи на 24.000, покажуваат бројките на „Ројтерс“ кои агенцијата ги објави рано во петокот.
Ова го прави четвртокот најсмртоносен ден од избивањето на пандемијата на коронавирус, при што Шпанија и Италија објавија по 700 смртни случаи за 24 часа.
Околу една третина од новопријавените случаи на инфекција за забележани во САД, каде се тестираат сè повеќе луѓе. Во последните 24 часа откриени се 17.000 заразени, а починале 281, што е најголема дневна бројка откако се појави вирусот во оваа земја.
Кина, која најави затворање на границата за странците пончувајќи од сабота, објави за пет смртни случаи и 55 инфекции, додавајќи дека станува збор за увезени случаи, со исклучок на два.
Ова е намалување во однос на 67-те нови случаи во Кина кои беа регистрирани претходниот ден. Во најнаселената земја во светот, бројот на заразени лица се искачи на 81.340 од почетокот на епидемијата, со 3.292 смртни случаи.
Најголема грижа за кинеските здравствени власти сега се т.н. увезени случаи на зараза, претежно од кинески државјани кои се враќаат од странство.