Видеото на кое Ентони Хопкинс свири на клавир, додека неговото милениче мачорот Нибло му е на колено, имало околу два милиони прегледи за 24 часа, пренесуваат светските медиуми.
Познатиот глумец додека свири не гледајќи во своите прсти, насмевнувајќи се на своето милениче и на камерата. Свирам поради Нибло, за да почуствува дека сум расположен, напишал Хопкинс на објавата.
Тој добил пофалби за свирењето но и за изборот на музика. Хопкинс е голем љубител на класичната музика. Тој не свири само музички дела на познати музичари, туку и самиот компонира за клавир.
Познатиот добитник на „оскар“ пред 50 години, пред да почне со глумење, напишал валцер. Овој величествен валцер по 50 години Хопкинс решил да го претстави пред светската публика. Премиерната изведба се случило во Виена, од страна на оркестаот на познатиот холандски виолинист Андре Риу.