На повозрасните граѓани во швајцарскиот кантон Ури од денеска ќе им биде дозволено да ги напуштат своите домови само по два часа, за прошетки на свеж воздух, а почитувањето на оваа наредба ќе го нафдгледува полицијата, објавија локалните власти.
Оваа одлука е донесена откако членовите на најранливата популација не ги почитувале препораките и апелите за ограничување на движењето поради нивна сопствена заштита од епидемијата на коронавирус.
Спротивно на тоа, повеќето жители ги послушале превентивните мерки и останале во нивните домови, но пораката сериозно не ја сфатиле највозрасните жители кои имаат најголем ризик да развијат тешки симптоми од Ковид-19, соопштил официјалниот претставник на Кантоналот Игназ Зоп за швајцарската новинска агенција .
Постарите жители продолжија да излегуваат по продавници и да се движат надвор од дома, истакнал Зоп.
За да се спречи ваквото однесување, кантонските власти решија да воведат забрана за движење за секој над 65 години, а полицијата има задача да го следи прекршувањето на мерката.